Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО КАБИНЕТОТ НА БЕЛГИСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПРОНАЈДЕНИ 50 ПАКЕТЧИЊА СО КОКАИН: Скандал во Брисел

ВО КАБИНЕТОТ НА БЕЛГИСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПРОНАЈДЕНИ 50 ПАКЕТЧИЊА СО КОКАИН: Скандал во Брисел

За време на претресот минатиот месец во канцеларијата на министерката за образование, Каролин Дезир биле пронајдени 50 мали кесички со кокаин, пишува The Brussels Times, додавајќи дека е уапсен еден асистент во нејзината канцеларија.

Дезир беше информирана на 15 декември дека помошникот задолжен за опрема и логистика во нејзината канцеларија е уапсен како дел од истрагата за шверц на дрога, рече нејзиниот портпарол во соопштението, потврдувајќи ги претходните извештаи на медиумите.

Ден подоцна е спроведена постапка за разрешување поради злоупотреба на довербата согласно прописите кои важат за министерските должности“, објави министерката на социјалните мрежи. „Беше претресена неговата канцеларија за да се проверат дали има сомнителни предмети. Откриени се околу 50 вреќички со бел прав“, рече таа.

Кабинетот наведува дека преку адвокат контактирала со истражниот судија кој ја отворил истрагата, додавајќи дека „самоиницијативно работеле со истражителите“. Пакетчињата со кокаин биле одземени истиот ден од истражителите кои, „оттогаш не откриле ништо повеќе и не сакаат да испрашуваат ниту еден друг вработен во канцеларијата“.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести