Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Кабул загинаа тројца британски државјани, меѓу кои има и едно дете

Во Кабул загинаа тројца британски државјани, меѓу кои има и едно дете

Тројца британски државјани загинаа во вчерашните напади Кабул. 

Двајца британски државјани и дете на друг британски државјанин се меѓу 85-те досега потврдени жртви во нападот на аеродромот во Кабул, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб.

„Тоа беа невини луѓе и трагедија е што додека тие сакаа да ги доведат своите сакани на сигурно во Велика Британија, беа убиени од кукавички терористи“, се додава во изјавата на шефот на британската дипломатија.


Исламска држава стои зад нападите кои се случија во Авганистан. 

Слично

Поврзани вести