Во Јужен Судан 89 луѓе починаа од мистериозна болест
Мистериозна болест одзеде 89 животи во Јужен Судан.
Работна група на Светската здравствена организација во Фангак, во Јужен Судан, ја истражува мистериозната болест, јавува „24 часа“.
Министерството за здравство на Јужен Судан минатата недела објави дека непозната болест убила десетици лица во оваа област, една од најтешко погодените од поплавите. Локален претставник здравствените власти изјави дека првите примероци собрани во областа покажале негативен резултат на тестот за колера. Поради големите поплави не може да се стигне до областа Фангака, па сега се чека хеликоптер кој ќе ги пренесе до главниот град Џуба. Поплавите во Јужен Судан и го отежнаа пристапот на локалната заедница до резервите на храна и другите потреби. Над 700.000 луѓе се погодени од нај лошите поплави во земјата во последните 60 години.
