Во јуни се затвораат вентилите, ако Украина не плати за рускиот гас!
Украина има рок до 2 јуни да плати за јунската испорака на руски гас. Во спротивно, на 3 јуни Русија ќе престане да испорачува гас за Украина, изјави директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер.
По состанокот со рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска, Милер најави дека веќе утре на Украинците ќе им биде испорачана сметката за јунските испораки, во согласност со одлуката на „Гаспром“ дека ќе испорачува гас за Украина само со претходна наплата.
„Ако Украина не плати за јунската достава, тогаш „Гаспром“ до 10 часот наутро на 3. јуни ќе ја извести Украина колку ќе треба да доплати за доставата на гас. Ако нема авансна испалата тогаш на Укрина во јуни ќе и бидат доставени нула кубни мерки гас“, се закани Милер.
Медведев, пак, истакна дека руската Влада има информации оти Украина има пари да си го плати долгот за природен гас, кој до овие моменти изнесува околу 3,5 милијарди евра.
Претходно, украинските власти најавија дека немаат намера однапред да го плаќаат рускиот гас, особено не по новата, повисока цена што ја одреди „Гаспром“ за испораките кон Украина.
Стопирањето на испораките кон Украина може да го проблематизира снабдувањето со гас и за европските земји, со оглед на тоа што најголем дел од количините на руски гас за Европа поминуваат преку Украина.
Слично
