ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПОЧНЕ ДИСТРИБУЦИЈАТА НА ВАКЦИНИТЕ ПРЕКУ КОВАКС: СЗО најави испорака на вакцините од Кина и на „АстраЗенека“
Уште во текот на
јануари ќе почне дистрибуцијата на вакцините против корона вирусот преку
механизмот Коваск, а која ја координира Светската здравствена организација и
превенствено е наменета за посиромашните земји.
Според шефицата на СЗО за имунизација Кетрин О’Брајан, Ковакс има пристап до повеќе од две милијарди вакцини, а за да достават до сите земји регистрирани преку Ковакс механизмот потребни им се 7 милијарди долари.
– Потребни ни се околу 7 милијарди долари за да доставиме доволно вакцини во овие земји до крајот на 2021 година, а веќе се собрани околу 6 милијарди долари. Тие вакцини ќе започнеме да ги испорачуваме веројатно до крајот на јануари, а ако не, тогаш сигурно до почетокот или средината на февруари, истакна О’Брајан.
