Во израелско-американските напади на Техеран лаборатории се срамнети со земја
Иранската новинска агенција Тасним објави дека во денешниот напад речиси целосно се уништени Институтот за медицински истражувања и лабораториската зграда на Универзитетот Шахид Бехешти во Техеран.
Шахид Бехешти е еден од најпрестижните универзитети во Иран. Студентскиот дом во рамки на универзитетскиот комплекс е сериозно оштетен.
Тасним наведува дека нема информации за евентуални жртви. Според локалните медиуми, цел на израелско-американските напади биле и Технолошкиот универзитет во Исфахан и Универзитетот за наука и технологија во Техеран.
фото принтскрин
Слично
