Во Израел секое 11-то дете кое прележало коронавирус сега страда од долгорочни ефекти
Секое 11-то дете во Израел кое било позитивно на коронавирус сега страда од долгорочни ефекти на вирусот.
Заостанати симптоми има кај 11,2 проценти од децата. Вакви резултати даде студијата на израелското Министерство за здравство. Но, бројката се намалува по неколку месеци. Тешката форма на коронавирус е почеста кај возрасните, но нема доволно информации за ефектите на вирусот врз младите луѓе. Телефонското истражување спроведено во јуни собра податоци од родителите на 13.834 деца на возраст од 3 до 18 години кои закрепнале од вирусот. Тие беа прашани дали децата покажуваат преостанати симптоми, како што се проблеми со дишењето, летаргија и губење на мирис и вкус.
Слично
