ВО ИЗРАЕЛ МАСКИТЕ ПОТВОРНО ЗАДОЛЖИТЕЛНИ, ДЕЛОВИ ОД СИДНЕЈ ВО КАРАНТИН: Расте бројот на заразени со делта сојот
Здравствените
власти во Израел донесоа одлука заштитните маски повторно да бидат задолжителни
во затворен простор откако во последнава недела бројот на новозаразени со
корона вирусот е двојно поголем односно има 138 и новите регистрирани случаи се
со делта варијантата.
И покрај тоа што во Израел, земја со 9.3 милиони жители, досега целосно се вакцинирани 55 отсто од граѓаните, властите апелираат родителите да ги вакцинираат и децата на возраст од 12 до 15 години. Според израелското Министерство за здравство, ако досега се сметаше дека колективен имунитет во земјата може да се постигне со 75 проценти вакцинирано население, по избувнување на заразата со делта сојот за колективен имунитет е потребно дури 80 проценти.
Поради ширењето на оваа варијанта, австралиските власти пак, во Сиднеј одлучија некои делови од градот да бидат во карантин по појавата на кластер во источните предградија на градот.
