Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Италија живеат дури 9,5 милиони сиромашни

Во Италија живеат дури 9,5 милиони сиромашни
Во Италија денес живеат околу 9,5 милиони сиромашни, од кои 4,81 милиони живеат во апсолутна сиромаштија или беда, покажуваат резултатите на Државниот институт за статистика (Истат) објавени вчера. Тоа е 15,8% од вкупниот број жители на земјата, што е повеќе од претходната година, кога овој процент бил 13,6. Бројот на оние кои живееле во апсолутна сиромаштија во 2011 година изнесувал 5,7% во однос на вкупниот број жители, а во текот на 2012 година оваа бројка се искачила на 8%. „Од почетокот на економската криза 2008 година ова е прв пат да забележиме вистинско зголемување на релативната и апсолутната сиромаштија која ги погодува сите општествени категории“ - посочуваат од Истат. Апсолутната сиромаштија или беда подразбира процент на жители кои живеат под одреден износ расположлив доход. Тој одреден износ е границата на сиромаштија. Во Италија варира зависно од географската положба на одредени места или градови. На пример, животот на југ е поефтин отколку на северот од земјата, а зависи од бројот на членовите на семејството кои работат. Прагот на апсолутна сиромаштија по лице во период од 18 до 59 години возраст варира од 537 евра мее чно во помал град на југот од Италија до 806 евра месечно во поголем град на север. Релативната сиромаштија се одредува како минимум на прифатливиот животен стандард во едно општество. Во релативна сиромаштија, во Италија во текот на 2012 година, се живеело со приход од 990,88 евра за двочлено семејство. Релативната сиромаштија е зголемена во целата земја, но зависи од бројот на членови на семејството кои работат.  
Слично

Поврзани вести