Во Италија се врати бројката од над 600 позитивни
Бројот на нови случаи на коронавирус во Италија надмина 600 за еден ден за прв пат во последните три месеци.
Туристите и луѓето кои се враќаат од одмор се сметаат за главни фактори за зголемување на бројот на случаи, пишува АП.
Министерството за здравство регистрираше 629 случаи на коронавирус во претходните 24 часа, со што беа потврдени вкупно повеќе од 253.000.
Последниот пат кога дневниот број беше поголем од оваа бројка беше 669 случаи на 23 мај. Пред само неколку недели, Италија имаше околу 200 нови случаи на ден.
Бројот на починати од „ковид 19“ во Италија е повеќе од 35,000.
Слично
