Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Италија се раѓа незадоволство кон ЕУ - имаат забелешки за Брисел

Во Италија се раѓа незадоволство кон ЕУ  - имаат забелешки за Брисел

Италијанците не се задоволни од Европската унија и се жалат дека нивната материјална состојба се влошува. 

За лани велат дека биле посиромашни, а истото го забележуваат и кај другите луѓе. 

Помалку од половина од  Италијанците сакаат државата да остане во Европската унија, а над две третини обвинуваат дека Унијата не помага за решавање на мигрантската криза. 

Ова се резултати од анкетата на институтот Еуриспес.

Вкупно 48,8%  од анкетираните Италијанци се против евентуално напуштање на ЕУ, а 29,5% поддржуваат спроведување референдум како во Британија.

71,5% од  Италијанците ја обвинуваат ЕУ дека не помага во решавање на кризата со мигрантите, а 70,2% сметаат дека Брисел им бара неправедна економска жртва.

За изминатата година, 48,5% анкетирани граѓани тврдат дека им се намалила куповната моќ, 77,2% познаваат луѓе на кои платата не им е доволна за да го поминат месецот, а 24,2% се чувствуваат сиромашни. 

Слично

Поврзани вести