Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Италија регистрирани 1100 вторични потреси

Во Италија регистрирани 1100 вторични потреси

Над 1100 вторични потреси се регистрирани во Централна Италија по силниот земјотрес со интензитет од 6,5 степени по Рихтер.

Италијанскиот премиер, Матео Ренци вети дека властите ќе направат сè што е можно за да го обноват домовите на луѓето, но и сите историските згради и катедрали, настрадани во земјотресот. 

Секундарен земјотрес од околу 5 степени по Рихтер ги исплаши повторно и жителите на регионот на селото Сант Анџело, Перуџа, каде што повеќето куќи се урнати.

Локалните жители уште не го надминаа шокот и последиците од големиот земјотрес.

По земјотресот околу 22 000 лица веќе се сместени во привремени живеалишта, но според експертите, бројот на луѓе без покрив е многу поголем. Околу 9 милијарди евра ќе бидат потребни за обнова на погодените области.


Слично

Поврзани вести