Во Италија расте бројот на загинати – земјотресот однесе 278 животи
Бројот на загинати во земјотресот во Италија денеска се зголеми на 278 луѓе.
Само во гратчето Аматриче загинале 218 луѓе, во Аркуата има 49 жртви, а во Акумоли 11 луѓе. Бројот на повредени во катастрофалниот земјотрес изнесува 388 луѓе.
Во земјата утре ќе биде Ден на жалост и ќе биде организиран државен погреб за настраданите во земјотресот, кој на 24 август го погоди централниот дел на земјата.
Премиерот Матео Ренци најави укинување на данок за жителите од погодените подрачја и верува дека може да направат згради отпорни на земјотрес. Ја најави иницијативата „Италијански куќи“ во момент кога има критики за лоша градба.
Во печатот имаше критики за стандардите и безбедноста на зградите.
Историските градби не мора да исполнуваат одредени законски критериуми, но истите се изоставаат и кога се работи за нови градби.
