Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Италија од денеска нови тестови за ковид: Гувернерот на Венето покажа како функционираат тестовите „направи сам“

Во Италија од денеска нови тестови за ковид: Гувернерот на Венето покажа како функционираат тестовите „направи сам“

Гувернерот на регионот Венето во Италија, Лука Заја, заедно со д-р Роберто Риголи (координатор на 14 микробиолошки лаборатории во Венето), во живо на Фејсбук презентираше експеримент за новите дијагностички тестови за Ковид-19, т.н. „Направи сам“ што започнува денеска на 5000 примероци.

Новиот дијагностички тест „Направи сам“, гувернерот Заја го прикажа на својот профил на Фејсбук тестирајќи го на себе.

-Многу е едноставно, сега ќе ви покажам, им рече гувернерот на новинарите, отворајќи го комплетот кој содржи епрувета со реагенсот и брис, кој се вметнува во носните шуплини со 5 мали движења. Наскоро ќе ги има овие тестови што ќе ги произведуваат многу мултинационални компании, Сепак, нема да имаме целосна контрола, освен ако не одлучиме на национално ниво да ги купиме тестовите за некои специфични категории, на пример за повозрасните лица, изјави Лука Заjа, за иднината на тестовите „направи сам“. 

Инку, италијанскиот регион Венето, беше првиот епицентар на корона вирусот во Европа и првиот кој претрпе карантински мерки за да се спречи понатамошно ширење на Ковид-19.


Слично

Поврзани вести