Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Италија мигранти запалија прифатен центар

Во Италија мигранти запалија прифатен центар

Повеќе мигранти запалија прифатен центар на островот Лампедуза во Италија.

Никој не е повреден, а градоначалникот на Лампедуза, Џузи Николини кажа синоќа дека е запалена една зграда во центарот за сместување на бегалци и дека полицијата идентификувала четворица мажи осомничени за предизвикување пожар.

Пожарот започна со палење на четири душеци. Штетата не е утврдена, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Изминатите две години во Италија со бродови и чамци пристигнале повеќе од 320 илјади мигранти, а од почетокот на годината стигнале 31 илјада.

Кампот на Лампедуза, првиот европски град во кој пристигнуваат десетици илјади мигранти, кои од Африка преку море се упатуваат кон Европа, веќе два пати е делумно оштетен во пожари во 2009 и 2011 година.

Слично

Поврзани вести