Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Исланд ги канат бегалците на гости

Во Исланд ги канат бегалците на гости
10 илјади Исланѓани ги понудија своите домови, за да прифатат сириски бегалци во рамките на "Фејсбук" кампања, која ја покрена писателката Бриндис Боргвинсдотир откако владата соопшти дека земјата може да преземе под 100 бегалци, соопштува британскиот весник The Telegraph. Минатиот месец исландската влада изјави дека ќе прифати само 50 хуманитарни бегалци од Сирија. Тогаш Боргвинсдотир ги охрабри своите сонародници да ги поддржат луѓето кои имаат потреба од азил. Само за 24 часа 10 илјади Исланѓани од вкупно 300 илјади лица ги отворија своите домови и ја повикаа владата да направи повеќе. "Мислам дека луѓето веќе не можат едноставно да седат и да гледаат нови приказни за смрт од Медитеранот и бегалските кампови и сега сакаат да направат нешто", вели Боргвинсдотир. Како резултат на иницијативата државата планира да ја зголеми квотата за бегалците.
Слично

Поврзани вести