Во Иран измерени 49,6 степени, во Гренланд носел ветер од 220 километри на час
Највисоката температура на планетата денеска напладне е измерена во градот Омдије, лоциран во југозападниот дел на Иран, каде живата во термометарот се искачи до 49,6°C, според податоците на метеоролошката платформа Огимет, која следи временски услови ширум светот.
И второто место на листата на најжешки градови му припаѓа на Иран – во градот Ахваз, сместен во долината на реката Карун, се измерени 48,6°C.
На другата страна на температурната скала, најстудено денеска било во Антарктикот, каде на станицата Восток се измерени неверојатни -74,2°C.
Екстремни временски појави и во Европа
Во Европа, најжешко било во Турција, каде дури осум градови се најдоа меѓу десетте најжешки во регионот. Во градот Батман се регистрирани 42,6°C, во Дијарбакир 41,9°C, а во Урфа 41,7°C.
Шпанија има два свои претставници меѓу најжешките градови – Сиеса со 39,7°C и Мурсија со 39,4°C.
Најстуденото место во Европа денеска беше врвот Јунгфрајох во Швајцарија, каде биле измерени 0°C.
Најсилен ветер и најмногу дожд
Најсилните налети на ветер денеска се регистрирани во Гренланд, со брзина од 220 km/h. Во Европа, најсилен ветер е измерен на аеродромот во Инсбрук, Австрија, со налети од 104 km/h.
Најмногу дожд паднал во Индија, во градот Хонавар, додека во Европа највлажно било во шкотското село Абојн.
