Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Иран има најмалку осум повредени во земјотресот

Во Иран има најмалку осум повредени во земјотресот

Во Иран во земјотресот со јачина од 5,2 степени се повредени најмалку осум лица, објави иранската државна телевизија.

Епицентарот на земјотресот беше во градот Кухбанан во западната провинција Керманшах. Електричната енергија во регионот е прекината, а забележана е и материјална штета на некои куќи.

Иран се наоѓа во сеизмичка област. Минатиот месец, 620 лица загинаа, а илјадници беа повредени во силен земјотрес со јачина од 7,3 степени во провинцијата Керманшах. Десетици лица беа повредени во неколку земјотреси во регионот на 12 декември.

Слично

Поврзани вести