Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Индија топлотниот бран зема човечки животи

Во Индија топлотниот бран зема човечки животи

Топлотен бран ја зафати Индија, каде починаа 25 луѓе. 

Индиската држава Махараштра кон крајот на март регистрирала 25 смртни случаи од топлотен удар, што е најголем број жртви во изминатите пет години. 

Студените монсунски дождови се очекуваат дури следниот месец, а прекините на електричната енергија се почести во некои делови на Индија,  така што дури и домаќинствата кои можат да си дозволат климатизери ќе имаат проблеми во следните неколку седмици. 

Индија го забележа најтоплиот март во изминатите над 100 години, со максимални температури низ целата земја од 33,1 Целзиусови степени, што е скоро 1,86 степени над нормалата, според Индискиот метеоролошки оддел. Во многу делови во северниот, западниот и источниот дел од Индија, температурите во минатиот месец достигнале 40 степени Целзиусови.

Поради топлото време се топеше и асфалтот. Топлотен бран го зафати и Пакистан. Климатските промени доведоа до екстремно високи температури. 

Слично

Поврзани вести