Во Индија се појавија пазари каде на црно се продаваат боци со кислород
Во Индија на црно се продаваат боци со кислород.
Индијците најдоа начин како да заработат во време на здравствената криза. На одредени локации низ Индија се појавија пазари каде на црно се продаваат боци со кислород. Индија, неколку дена по ред ги руши рекордите по бројот на заразени од ковид, а досега бележи има повеќе од 200 илјади смртни случаи. Смртноста е за трипати зголемена во последните три недели. Бројот на заразени и починати може да биде многу поголем од официјалните податоци. Неколку дена нема слободни кревети по болниците.
За еден ден во Индија има над 4.000 починати. Во светот досега има над 156 милиони потврдени случаи на ковид.
Слично
