Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Индија од коронавирусот починале 10 пати повеќе од официјалните бројки

Во Индија од коронавирусот починале 10 пати повеќе од официјалните бројки

Досега од коронавирусот во светот починале скоро 15 милиони луѓе.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека пандемијата на коронавирус убила речиси 15 милиони луѓе ширум светот. Тоа е 13 отсто повеќе од очекуваното.

Во Индија имало 4,7 милиони смртни случаи, 10 пати повеќе од официјалните бројки.

Индиската Влада ја доведе во прашање проценката, велејќи дека постои „загриженост“ во врска со методологијата, но и други студии дојдоа до слични заклучоци за бројките на смртни случаи во земјата.

Шефицата на одделот за податоци на СЗО, Самира Асма, изјави дека тоа е трагедија. Податоците на СЗО покажуваат дека покрај Индија, земји со најголем број на смртни случаи се Русија, Индонезија, САД, Бразил, Мексико и Перу.

Земји со ниска стапка на вишок на смртност се Кина, која продолжува да спроведува политика на „нулта толеранција“, Австралија, која воведе строги ограничувања за патувања за да го задржи вирусот надвор од земјата, Јапонија и Норвешка. 

СЗО смета дека многу земји ја потцениле битката со ковид, имајќи в предвид дека претходно се пријавени само 5,4 милиони смртни случаи од коронавирусот.

Слично

Поврзани вести