Во Индија минибус и џип излетаа во клисура, над 30 загинати
Најмалку 30 луѓе загинаа, а 24 се повредени во две сообраќајни несреќи на северот од Индија, соопшти полицијата.
Во првата несреќа во округот Кинаур, џип преполн со патници паднал во клисура длабока 304 метри, при што загинале 13 луѓе, а едно лице е повредено.
Во округот Чамба уште 17 луѓе загинале, а 23 се повредени кога минибус полн со патници скршнал од патот и излетал во клисурата.
Над 200.000 луѓе годишно страдаат во сообраќајни несреќи во Индија. Во оваа земја се наоѓаат некои од најопасните патишта, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.
Слично
