Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Индија маж кој бил целосно вакциниран почина од омикрон

Во Индија маж кој бил целосно вакциниран почина од омикрон

Регистриран е прв починат во Индија од омикрон, а има скоро 91.000 нови случаи за 24 часа. Лекарите констатирале дека мажот бил целосно вакциниран.

Станува збор за 74-годишен маж кој почина во западната индиска држава Раџастан.  Официјалните лица рекоа дека мажот боледувал од дијабетес и други поврзани болести. Пациентот бил примен во болница на 15 декември, а починал 15 дена подоцна.  Индија регистрирала 325 смртни случаи во последните 24 часа.  За едно деноноќие во Индија се регистрирани 90.928 нови случаи на коронавирус, а најголем број заразени потекнуваат од најголемите градови во таа земја. Во Индија имаше и периоди кога болниците беа преполни и заразените буквално умираа на паркинзи и по улици. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести