Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ИНАТ НА ЗАПАДОТ: Кинезите прават пруга Пекинг – Москва

ВО ИНАТ НА ЗАПАДОТ: Кинезите прават пруга Пекинг – Москва
Кина ќе изгради брза пруга која ќе ги зближи Пекинг и Москва во вредност од 242 милијарди долари. Кинеските власти наведуваат дека патот помеѓу престолнините ќе трае 30 часа.
Пругата ќе биде долга 7000 км и ќе оди преку Казахстан, а во соопштението на кинеските власти се наведува дека овој проект ќе го олесни патувањето помеѓу Европа и Азија.
Кина активно ја промовира својата технологија на брзи пруги и ја гледа Русија како атрактивен пазар, со оглед на ладните односи помеѓу официјален Пекинг и Западот поради состојбата во Украина.
Русија и Кина во октомври 2014 потпишаа меморандум кој се однесува на брзите пруги. Првиот потпретседател на руската железница Александар Мишарин рекол во ноември минатата година дека до Пекинг би можело да се стигне за 30 часа, додека денес за тој пат се потребни пет дена.
Мишарин наведел дека работите би требало да траат од осум до десет години, споредувајќи ја сложеноста и важноста на проектот со изградбата на Суецкиот канал.
 
Слично

Поврзани вести