Во Хостомел исчезнаа 400 луѓе, сведоци рекле дека дел од нив се убиени
Најновите информации од Украина се дека околу 400 луѓе се исчезнати од градот Хостомел во близина на Киев.
Информацијата ја објави Људмила Денисова, украински комесар за човекови права. Сведоци рекле дека некои од исчезнатите се убиени, иако не потенцира за колку луѓе се работи.
Претходно, во Буча близу Киев беа најдени тела на мачени и убиени цивили. Taму се најдени уште тела, од кои дел биле запалени. Многу земји го осудија масакрот во Буча, и бараат виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата.
Слично
