Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Херсон окупаторите го растерале антиреферендумскиот митинг со светлосни и звучни гранати

Во Херсон окупаторите го растерале антиреферендумскиот митинг со светлосни и звучни гранати

Во Херсон локалните жители излегле на улиците на мирен протест против псевдореферендумот за воспоставување на лажна „република“ во областа и против руската окупација на нивниот регион. За да ја растераат толпата, окупаторите употребија солзавец и светлосни гранати.

Има повредени. Според информација на „Укринформ“, неколку цивили се приведени. Жителите на Херсон го објавиле видеото од митингот во групите на Фејсбук.

На видеото се гледа како луѓето коишто го напуштаат плоштадот „Слобода“, кашлаат, додека се слуша како толпата скандира „Херсон е Украина!“

„На 27 април... додека луѓето одеа на митингот, започна „светлосното шоу“... вака живее окупираниот Херсон“, - коментираат учесниците на настанот на видеото. Тие забележуваат дека луѓето учествувале на собирот против „псевдореферендумот“ за да покажат дека Херсон е и ќе остане дел од Украина.

„Врз насобраните луѓе беа фрлани гасни и светлосни гранати“, изјавил еден од учесниците.

Се слуша како окупаторите ги предупредуваат локалните жители дека секакви собири или демонстрации во регионов се целосно забранети.

Од снимката се гледа дека има ранет маж кој треба итно да биде изнесен од местото на настанот со брза помош, а има и коментар дека еден од демонстрантите е приведен.

Како што претходно објавил„Укринформ“, окупаторите се обидуваат да ги идентификуваат и да ги уапсат учесниците на проукраинските

митинзи во Херсон, но луѓето сèпак излегуваат на улици. Според комесарот за човекови права на Врховната Рада, Људмила Денисова, руските агресори имаат намера да одржат таканаречен „референдум“ за создавање на „Херсонска Народна Република“ во регионот од 1 до 10 мај.

Во меѓувреме, во регионот биле киднапирани цивили, вклучувајќи новинари, раководители на администрација, пратеници и активисти. Министерството за дигитална трансформација создаде безбеден чет-бот за жителите на Херсонскиот регион, кој има за цел да помогне да се дознае за судбината на исчезнатите.

Во Херсон, руските окупатори одржале „средба“ на која ги претставиле „раководител на регионалната администрација“ и „раководителот на градската администрација“. Градоначалникот на Херсон, Игор Колихаев, рекол дека одбил да соработува со „новата администрација“ назначена од руските сили.

https://www.facebook.com/100006302148502/videos/520346706181914

ПР објава 

Слично

Поврзани вести