Во Херсон нема да има референдум за спојување со Русија
Поради украинските напади, нема да има референдум во Херсон за приклучување кон Русија. Откажувањето е поради безбедносни причини.
Официјален претставник назначен од Русија во украинската област Херсон денеска изјави дека плановите за одржување референдум за приклучување кон Русија се „одложени", објави руската државна агенција ТАСС.
Но, Украина минатата недела објави дека започнала контраофанзива за повторно заземање на регионот по неколку недели гранатирање на мостови и складишта за муниција. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.
фото ЕПА
Слично
