Во Хатај бебе падна од петти кат при земјотресот и преживеа
Бебе падна од петти кат во областа Антакија во Хатај за време на земјотресот и преживеа, но братот и сестрата не.
Бирче Фанс има осум месеци и сега се лекува во болница. Нејзините родители се спасени од урнатините по повеќе од 30 часа. Луѓе го виделе бебето како плаче и со возило на брза помош е пренесено во градската болница во Адана, јавува Анадолија.
Докторката Нурсах Кескин рече дека Бирче има многу среќа.
„Почнавме третмани за да го смениме интракранијалното крварење. Ногата и беше скршена… Многу полоши работи можеа да се случат од удар на земја. Господ ја чувал, тоа е чудо“, рече таа.
Мајката рече дека прво не знаела дека Бирче е жива.
Во земјотресите во Турција и Сирија загинаа над 43.000 луѓе.Имаше многу потресни приказни по земјотресот од 7.8 степени. Настрадаа цели семејства.
