Во Харков се откриени најмалку 10 места на тортура
Русите масовно мачеле цивили во Украина, тврдат украинските власти. Најмалку 10 места на тортура се откриени во ослободениот источен регион.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските сили, кои претходно го окупираа поголемиот дел од украинскиот регион Харков, за широко распространето мачење на населението. Зеленски ги нарече Русите „фашисти“ споредувајќи го нивното однесување со нацистите.
„Ќе ги утврдиме идентитетите на сите оние кои мачеа и малтретираа луѓе, кои овие злосторства од Русија ги донесоа овде на украинска територија“, рече Зеленски.
Тој рече дека окупаторските сили ја оставиле опремата за мачење кога побегнале. Украинските власти објавија и фотографии од, како што веруваат, комори за мачење и опрема за мачење. Масовна гробница е најден во шума во близина на градот Изјум.
