Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ГРОБНИЦАТА ВО ИЗЈУМ ИМАЛО И ДЕЦА: Чешка бара специјален суд кој ќе ги изведе виновниците пред лицето на правдата

ВО ГРОБНИЦАТА ВО ИЗЈУМ ИМАЛО И ДЕЦА: Чешка бара специјален суд кој ќе ги изведе виновниците пред лицето на правдата

Да се казнат виновниците за убиствата и мачењата во Украина, бара Чешка. Оваа земја моментално претседава со ЕУ, и повика на формирање „специјален меѓународен суд“ откако е откриена масовна гробница во Изјум, неодамна ослободениот град во североисточна Украина.

Над 440 тела се пронајдени со врзани раце зад грбот. Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски порача дека Русија зад себе остави масовни гробници на стотици убиени и мачени луѓе во областа Изјум. 

„Во 21 век ваквите напади врз цивилното население се незамисливи и грозоморни. Не смееме да го игнорираме“, додава тој. 

Во гробниците се најдени деца. Гувернерот на Харковската област Олег Синегубов изјави дека 99 отсто од телата, кои се ексхумирани од масовната гробница во Изjум, покажуваат знаци на насилна смрт. Некои жртви загинале при гранатирање и воздушни напади. Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Масовна гробница беше најдена и во Буча. 

Слично

Поврзани вести