Во Грција, но и во Европа расте бројот на заразени со коронавирусот
Во Грција има пораст на бројот на заразени со ковид -19.
Регистрирани се скоро 29.000 новозаразени со ковид-19, што е највисок број во изминатите два и пол месеци, објави денеска националната организација за јавно здравје на Грција. За 24 часа починале 49 луѓе, а 351 пациент (девет повеќе од вчера) е приклучен на одделите за интензивна нега. Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 2.986.880 случаи на ковид-19, а 27.392 луѓе починале.
Во Европа бројот на инфицирани расте. Во Западна Европа се создава нов бран. Во Франција има и до 150.000 заразени дневно, што е зголемување од 42 % за една недела. Се зголеми и бројот на заразени во Велика Британија, Холандија, Австрија, Италија. Во последните денови во Германија секојдневно има повеќе од 300.000 заразени.foto freepik.com
Слично
