Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во град во Еквадор со пластични шишиња се плаќа автобуски билет

Во град во Еквадор со пластични шишиња се плаќа автобуски билет

Корисниците на јавниот превоз во градот Гвајакил во Еквадор ќе можат да „платат“ автобуски билет со пластични шишиња. 

Овој пристанишен град, кој се наоѓа во југозападниот дел на Еквадор, е втор најнаселен град во државата со 2,7 милиона жители, но создава најмногу отпад. 

Новата шема насочена кон борбата против отпадот и загадувањето им овозможува на луѓето да разменуваат пластични шишиња што може да се рециклираат за пари за купување автобуски билети. 

„Замислете: два центи за шише, за 15 шишиња добивате 30 центи - тоа е билет за „Метровија“ - вели еден патник. 

Еден 76-годишен пензионер кој живее надвор од Гвајакил плаќал 9 долари за такси за да стигне до градот. Вели дека сега со пластичните шишиња може да си дозволи автобуски билет. 

Гвајакил создава 4.200 тони отпад на ден, а  од него само 14 отсто се рециклираат. 

За два месеци се собрани повеќе од 24.000 шишиња од патниците.

Слично

Поврзани вести