Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во година на војни, Нобеловата награда за мир има двајца добитници

Во година на војни, Нобеловата награда за мир има двајца добитници
Двајца добитници ќе го поделат овогодинешното признание Нобелова награда за мир. Пакистанското девојче Малала Јусафзеј и 60-годишниот Каилаш Сатијарти се добитниците на наградата годинава заради нивната борба против репресијата на децата и младите и за правото на сите деца за образование. „Децата мора да одат на училиште и финансиски не смеат да се искористуваат“, изјави претседателот на норвешкиот Нобелов комитет кој ја доделува наградата Торбјорн Јагланд. Сега 17-годишната Малала ја предводи кампањата за  образование на девојчињата во Пакистан. Сатијарти  ги промовира идеите на некогашниот индиски лидер Махатма Ганди и предводеше протести чија цел беше да се спречи финансиско искористување на детскиот труд во Индија.  
Слично

Поврзани вести