Во Германија зголемен бројот на депортирани мигранти
Германија во 2015 година депортирала 60% повеќе мигранти отколку во 2014 година, соопшти денеска германската Влада.
Лани 22.369 лица биле присилно вратени во земјите од каде потекнуваат, додека таа бројка во 2014 година изнесувала 13.851.
Во првите два месеца од 2016 година скоро 4.500 луѓе се вратени, што е двојно повеќе споредбено со јануари и февруари лани. Бројот на азиланти, кои доброволно ја напуштиле Германија, е зголемен од 13.573 во 2014 година на 37.200 минатата година.
Германија лани примила рекордни 1,1 милион мигранти и бегалци.
Слично
