Во Германија зaдржаа осомничен терорист, подготвувал атентат
Германската полиција го уапси 22-годишниот Сириец Џабер Албакр кој подготвувал терористички напад.
Тој беше успеал да побегне при обидот за апсење во градот Кемниц, провинција Саксонија.
„Изморени сме, но сме среќни. Албакр беше уапсен во текот на ноќта во Лајпциг "- се вели во соопштението на полицијата на провинцијата Саксонија на страницата нејзиниот Твитер.
Изданието „Фокус-онлајн" претходно соопшти дека Албакр бил следен од тајните служби од времето на неговото пристигнување во Германија како бегалец. Но, при операцијата за негово апсење успеал да избега. Тоа се случило, бидејќи Генералното обвинителство од самиот почеток одбило да се заземе со случајот.
Претходно беше соопштено дека по овој случај е уапсено уште едно лице, и се покренати обвиненија за соучество со Албакр.
