Во Германија спречен терористички акт
Полицијата во Германија соопшти дека спречила терористички акт на исламисти.
При обичен претрес во градот Оберурзел, недалеку од Франкфурт, се уапсени двајца осомничени, кои чувале рачно изработена бомба во цевка, експлозиви и пушка.
Се претпоставува дека бомбата требало да биде експлодира за време на велосипедска трка во петокот, објави „BBC“.
Двајцата од уапсените биле следени околу еден месец, откако купиле од една продавница невообичаено големо количество водород пероксид и алкохол, со што употребиле фактура со лажно име.
Уапсените се брачна двојка. Инспекторите откриле и некаква поврзаност меѓу двајцата уапсени и терористичката мрежа „Ал Каеда“.
Слично
