Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Германија се трага по 18-годишник осомничен за убиство својот брат

Во Германија се трага по 18-годишник осомничен за убиство својот брат

Германските власти трагаат по 18-годишниот Димитар Ленц, кој е главен осомничен за убиството на неговиот 21-годишен брат во градот Касел.

Истрагата била отворена откако семејството пријавило дека подолго време не може да стапи во контакт со 21-годишникот. Полицијата потоа го пронашла мртов во стан во населбата Валдау, а обдукцијата покажала дека станува збор за насилна смрт.

Според досегашните информации, осомничениот е помладиот брат на жртвата. Полицијата се сомнева дека нападот бил извршен со предмет, додека мотивот засега останува неутврден.

Бидејќи 18-годишникот е во бегство, германската полиција ги повика граѓаните да не му приоѓаат доколку го забележат, туку веднаш да ги известат надлежните служби.

Слично

Поврзани вести