Во Германија се појави уште една мутација на Ковид -19
Се појави уште една мутација на Ковид -19. Во Германија е потврден нов вид на коронавирус. Се работи за примерок земен во центарот за тестирање на аеродромот во градот Берлин.
Како што објави компанијата „Центогене“, специјализирана за дијагностицирање ретки болести, новата мутација е утврдена кај примерок од лице кое потекнува од германската провинција Саксонија. Инаку Б.1.525 е сличен на британскиот вид Б.1.1.7, но како и јужноафриканскиот и бразилскиот, има мутација на шилестиот протеин. Врз основа на сличноста со позаразниот вид, се претпоставува дека и новиот вид е позаразен од основниот вирус. Б.1.525 веќе е докажан и во други земји како Данска, Италија, Нигерија, Норвешка, Канада, Велика Британија и САД, и сега за прв пат во Германија. Новите мутации може да доведат до појава на „пандемија во пандемија“. Повеќе мутации има на европско тло, но и на Балканот. Во многу земји се вратени рестрикциите.
foto freepik
