Во Германија се отвораат помалите бизниси, почнува и масовно тестирање
Германија почнува со масовно тестирање на граѓаните на антитела на коронавирус и ова е прво толку масовно тестирање во Европа. На ваков начин ќе се проценат стапките на инфекција и ќе се овозможи да се следи ширењето на вирусот.
Антителата во крвта се показател дека некој го имал вирусот. Теоријата е дека тие луѓе ќе имаат барем одредено ниво на имунитет, иако не постои гаранција за целосен имунитет или колку долго ќе трае, јавува Еуроњус.
Истражувањето ќе вклучува донации на крв во четири региони во земјата каде имало големи избувнувања на вирусот, како и репрезентативна студија за пошироката популација.
Во исто време, во некои региони на Германиај од денеска почнува процес на отворање на некои продавници, најмногу мали бизниси.
Малопродажните места на помалку од 800 квадратни метри ќе бидат повторно отворени, а ќе се реотворат и плацевите за автомобили, продавниците за велосипеди и продавниците за книги. Баровите, рестораните, спортските сали и поголемите продавници ќе мора да останат затворени. Владата препорачува сите да носат маски за лице.
Сеопфатното тестирање на Германија и релативниот напредок во заштитата на ранливите луѓе доведоа до пониска стапка на смртност од европските партнери како Италија, Шпанија и Велика Британија. Земјата се соочи со „првиот бран“ во добра форма благодарение на придржувањето на граѓаните до строги рабници за контакт, рече во петокот министерот за здравство Јенс Спан.
