Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Германија наскоро започнува првиот процес на тужител кој примил вакцина против Ковид-19

Во Германија наскоро започнува првиот процес на тужител кој примил вакцина против Ковид-19

Во Германија се поднесени 185 граѓански тужби против производителите на вакцини против коронавирус за наводни штети предизвикани од вакцинирањето против Ковид-19. Подносителите тврдат дека се оштетени со вакцинацијата и наскоро почнува првиот судски процес.

Вакви случаи во Германија застапуваат две адвокатски канцеларии, една во Диселдорф и една во Висбаден, а тужбите се поднесени против четири главни производители на вакцини против коронавирус: Бионтек, Модерна, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон.

Вештаци ќе решаваат дали постои причинско-последнична поврзаност. Секој случај мора да се обработува поединечно или ќе следи спогодување. 

Првото судење веројатно ќе почне на 28 април во Окружниот суд во Франкфурт. На обвинителна клупа ќе се најде производителот Бионтек од Мајнц. Тужителка е жена која сака да остане анонимна и тврди дека претрпела оштетување на срцето како последица на вакцинирањето против Ковид-19. 

Според германскиот Закон за лекови и Законот за одговорноста на производителите, за вакцините против коронавирус во принцип важат истите правила за одговорност како и за другите лекови.

Слично

Поврзани вести