Во Германија мајка ги фрлила двете ќерки од балкон, а потоа и самата скокнала
Во Германија, мајка си ги фрлила децата од балкон, по што се обидела да се самоубие.
Полицијата во градот Зарбрикен, во западна Германија, покрена истрага против 38-годишната жена. Таа во четвртокот вечерта од горниот кат од куќата од висина од околу 5 метри ја фрлила својата тригодишна ќерка, која им подлегнала на повредите, па нејзината едногодишна ќерка, а потоа и самата скокнала.
Мајката е тешко повредена, додека едногодишното девојче скоро неповредено избегало. Тригодишното девојче починало во болница.
Мајката била кај своите родители во Зарбрикен со партнерот и двете деца. Полицијата објави дека осомничената боледува од „тешки психички нарушувања“.
Слично
