Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Германија фатија Сиријци поврзани со организаторите на нападите во Париз

Во Германија фатија Сиријци поврзани со организаторите на нападите во Париз

Тројца Сиријци кои влегле во Германија како бегалци, беа уапсени денеска под сомнение дека планираат напади во име на терористичката група „Исламска држава", соопштија германските обвинители, цитирани од ДПА.

Тројцата сириски бегалци се поврзани со извршителите на нападите во Париз, изјави министерот за внатрешни работи, Томас де Мезиер.

Собраните докази покажуваат дека мажите на возраст од 17, 18 и 26 години биле доведени во Европа од истите посредници, кои ги транспортирале до Европа исламистичките екстремисти кои ги извршиле нападите во Париз во ноември, кога беа убиени 130 лица, рече Де Мезиер .

Покрај тоа, се смета дека фалсификуваните документи кои ги имале уапсените Сиријци, се направени од истите фалсификатори, како и на напаѓачите од Париз.

Сиријците се приведени утрово при антитерористичка операција со учество на околу 200 полицајци, во провинциите Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн. Тие пристигнале во Германија преку Турција и Грција во средината на ноември и се претставиле како бегалци, а целта им била или да исполнат веќе постоечка задача, или да бидат подготвени за понатамошни инструкции, соопшти федералната обвинителство во Карлсруе.

Слично

Поврзани вести