Во Германија евакуирани десетици илјади згради поради бомби од Втората светска војна
Властите во Франкфурт почнаа да ги евакуираат пациентите од две болници во финансиската престолнина на Германија, поради претстојното отстранување на бомба од Втората светска војна, откриена при градежни активности, соопшти Ројтерс.
Првично беше објавено дека околу 60.000 луѓе се очекува да ги напуштат своите домови во неделата откако беше откриена бомба од Втората светска војна во градот. Ова е најголемата евакуација на граѓани кои германските власти ги презеле по Втората светска војна.
Во саботата стана јасно дека евакуираните граѓани на Франкфурт и Кобленц денес се над 90.000.
Во Франкфурт оваа сабота беше најголемата акција за евакуација во новата историја на Германија.
70.000 луѓе во градот мораа да ги напуштат своите домови со часови за да уништат бомба со тежина од 1.8 тони. Меѓу евакуираните се пациенти од две болници и десет старечки домови.
Попладне поради друга бомба од ВСВ се ставени во операција за евакуирање и жителите на Кобленц. 20.000 луѓе го напуштија својот дом .Испразнета е и сојузната архива која се чува во Кобленц, како и две станици во градот, и градскиот затвор.
Целта на евакуацијата е безбедно да се смири британската бомба што беше пронајдена во западниот дел на Франкфурт. Неконтролирана експлозија од оваа бомба, би била доволна да го сруши целиот блок, изјави началникот на противпожарната служба Рајнхард Рис. На заедничката прес-конференција еден ден претходно, полициски претставници од пожарните служби и полиција рекоа дека ќе употребуваат сила доколку е потребно за да ја исчистат областа од граѓаните. Секоја година германските власти откриваат повеќе од две илјади тони бомби и муниција, останати од Втората светска војна, потсетуваат агенциите.
