Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Германија 800 напади на кампови за бегалци

Во Германија 800 напади на кампови за бегалци

Федералната криминална полиција регистрирала од почетокот на годината 797 напади врз кампови за бегалци во Германија - како населени, така и ненаселени, објавија германските медиуми. 

Од десните радикали има вкупно 740 напади. Во повеќето случаи станува збор за прекршоци како разгорување на меѓуетничка омраза, оштетување на имот и ширење пропаганда. 

Според полицијата во истиот период имало 61 пожар на центри на бегалци, а 10 кривични дела се поврзани со прекршување на законот за експлозиви.

Минатата година во Германија се извршени 1005 незаконски акти против засолништа за бегалците, во 2014 година тие биле 199, а една година порано - само 69.


Слично

Поврзани вести