Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ГАЗА СЕДУМ БОЛНИЦИ НЕ РАБОТАТ: Koлку здравствени работници загинаа?

ВО ГАЗА СЕДУМ БОЛНИЦИ НЕ РАБОТАТ: Koлку здравствени работници загинаа?

Појасот Газа е пред целосен колапс. Седум болници не работат, а убиени се повеќе од 60 медицински работници.

„Уште 21 центар за примарна здравствена заштита се „надвор од функција“, а 64 припадници на медицинскиот персонал загинаа во израелските воздушни напади“, изјави денеска портпаролот на палестинското Министерство за здравство, Ашраф ел-Кидра.

Ел Кидра изјавил дека се уништени и 23 амбулантни возила, објави Си-Ен-Ен, но додава дека не може самостојно да го потврди бројот на жртвите.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања во четвртокот соопшти дека повеќе од 60 отсто од примарните здравствени установи во Газа се затворени. Најголемиот напад врз болничките установи во Газа беше бомбардирањето на арапската болница Ал Ахли, во кое загинаа стотици луѓе. 

По завршување на војната, Израел ја остава Газа сама на себе. Од 7 месецов, палестинската група Хамас врши напади на Израел, а Израел возврати и сака да ја уништи терористичката група. 

foto reuters

Слично

Поврзани вести