ВО ГАЗА ИМА 5.000 СТРАНЦИ: Koлку Американци се заглавени во жариштето?
Околу илјада Американци се заглавени во Појасот Газа.
Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен денеска на сослушувањето на Сенатската комисија изјави дека 1.000 Американци се наоѓаат во Газа и сакаат да заминат.
„Бевме во блиска комуникација, колку што можевме, со Американците кои беа заглавени во Газа. Имавме околу 5.500 комуникации што ги инициравме телефонски повици, е-пошта, WhatsApp – за да стапиме во контакт со нив, за да се обидеме да ги насочиме најдобро што можеме и да работиме на нивната можност да си заминат“, изјави Блинкен.
Во Газа има околу 5.000 луѓе, државјани на трети земји кои сакаат да се евакуираат.
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер минатата недела изјави дека Каиро е подготвен да ги прими Американците и другите странци доколку можат да стигнат до египетската страна на преминот Рафа.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска кажа дека е „длабоко вознемирен од интензивирањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас“.Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги осуди нападите на палестинската терористичка група Хамас врз Израел, но нагласи дека израелскиот одговор мора да биде во согласност со меѓународното право. На 7 октомври Хамас почна со напади на Израел. Најдено е телото на девојката од Германија која Хамас ја киднапираше, а како што соопштија израелските власти, терористите ја обезглавиле.
