Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ГАЗА Е КРИТИЧНО: Хирурзите ја напуштија последната градска болница

ВО ГАЗА Е КРИТИЧНО: Хирурзите ја напуштија последната градска болница

Критично е во Газа. Хирурзите ја напуштија последната градска болница во Газа, Ал Ахил која беше во функција, откако завршија залихите анестезија.

Британско-палестинскиот хирург Гасан Абу Сита му соопштил на својот тим дека дошло време да ја напуштат последната функционална болница во градот.

„Тоа беше кошмар – да оставам 500 повредени знаејќи дека не остана ништо повеќе од тоа со што би можел да им помогнеш, е една од најтешките работи што морав да ги направам“, изјави Абу Сита, еден ден откако ја напушти болницата. 

Тој дојде во кампот за бегалци Нусеират.

„Не сме веќе во можност да извршуваме операции во болницата Ахли. Болницата од сега е станица за прва помош. Стотици ранети сега се во болница без пристап до операција. Тие ќе умрат од раните“, напиша Сита на својата сметка на социјалната мрежа „Икс“.

Сателитските снимки покажуваат дека Газа е срамнета со земја. Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, најави дека отпорот во Појасот Газа е подготвен за долга војна со израелската армија. На 7 октомври, Хамас почна со напади на Израел. 

Слично

Поврзани вести