Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ГАМАЛЕЈА НАУЧНИЦИ РАБОТАТ НА ВАКЦИНА ПРОТИВ МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ: Болеста се заканува ширум светот

ВО ГАМАЛЕЈА НАУЧНИЦИ РАБОТАТ НА ВАКЦИНА ПРОТИВ МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ: Болеста се заканува ширум светот

Истражувачката работа за создавање на вакцина против мајмунски сипаници во Русија е завршена, нејзините претклинички тестови може да траат 6-7 месеци, изјави за Спутник Александар Гинтсбург, директор на Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија на Институтот Гамалеја.

- Истражувачката работа е всушност завршена и се чека кој ќе ја финансира „клиниката“, бидејќи се работи за многу пари. Не можеме сами, изјави Гунтсбург.

Тој, исто така, истакна дека претклиничките испитувања на вакцината може да траат 6-7 месеци, додека времето на клиничките испитувања сè уште не е познато.

Предвидено е да се вакцинира и контактите на заболениот од мајмунска сипаница, како и на лицата за кои постои сомневање за можна инфекција.

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи во четвртокот, по втор пат во последните две години, глобална вонредна состојба на јавното здравје поради ширењето на вирусот mpox, порано познат како мајмунски сипаници.

По избувнувањето на епидемијата во Демократска Република Конго, инфекцијата се прошири и во соседните земји, а од денеска има и прв заразен случај во Европа, односно во Шведска.

Овој вирус може да се шири преку блиски меѓучовечки контакти и најчесто се манифестира со благи симптоми, но во ретки случаи инфекцијата може да биде фатална со симптоми слични на грип и гнојни лезии на телото, пишува британската агенција.

фото: Unsplash

Слично

Поврзани вести