Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во француската социјалистичка влада има 8 милионери!

Во француската социјалистичка влада има 8 милионери!
Социјалистичка влада на Франција има осум милионери, покажаа анкетните листови со кои француски функционери требаше да го пријават својот имот. Сепак податоците кои излегоа од нив сега би можеле да и наштетат на имиџот на владата во јавноста, во време кога земјата е принудена да штеди и да се бори со високата стапка на невработеност. Листата беше објавена во понеделникот на веб-сајтот на француската влада, а како обид од страна на францускиот претседател Франсоа Оланд за стишување на скандалот кога поранешниот министер за буџет беше откриено дека има тајни банкарски сметки во Швајцарија. Листата која се однесува на премиерот Жан-Марк Оланд и уште 37 министри, покажува дека во владата седат осум милионери, но, како што е завележува„Ле Монд“, министрите се доста задолжени. Најбогат е министерот за надворешни работи, Лорен Фабу чиј имот е проценет на  6.07 милиони евра, но тука не е вклучена неговата уметничка колекција. Мишел Делоно, министерот надлежен за стари лица во Министерството за социјални работи и здравство, има наследство од приближно 5.3 милиони евра, главно недвижен имот, додека министерот за труд Мишел Сапин и министерот за здравство Марисол Турен пријавиле 2 милиони и 1 , 4 милиони евра имот. Премиерот  Оланд кој се фалеше дека сака кампување, поседува имот во вредност од 1,5 милиони евра. Одликата на Премиерот опозициските конзервативци и претседателот на Народното собрание од редот на социјалистите, Клод Бартолон ја критикуваа како "воајеризам", но неколку министри го поддржаа ваквиот предлог. Сепак, поради кризата во земјата и високата стапка на невработеност, објавувањето на овие податоци може да предизвика незадоволство кај јавноста. Просечна француска плата е 1600 евра месечно, а невработеноста е 10,6 отсто.
Слично

Поврзани вести