Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Франција забранета долга сукња како симбол на ислам

Во Франција забранета долга сукња како симбол на ислам

Тинејџерка која е родена како католик, но преминала во ислам на училиште во источен Париз веќе не смее да доаѓа во долга сукња која е симбол на исламската религија.

Директорот и кажал на 16 годишната девојка дека тоа е исламски симбол, и е забрането да се носи во Франција во училиштата уште во 2004 година. Ова не е прв ваков случај во Франција, каде носење на долга сукња како  моден стил е дозволено, но како исламско обележје е забрането. Тинејџерката викана К Де Суса е од француско-португалско потекло, и лани со дозвола на семејството преминала во ислам.  Во училиштето било проверено дали е поврзана со радикален ислам, и е потврдено дека нема врска со такво нешто. Таа носи и марама во јавност, но кога ќе стигне во училиштето ја вади затоа што тоа не е дозволено во образовните установи.

Слично

Поврзани вести